Еквадор ги легализираше истополовите бракови

Со пет гласа „за” и четири „против”, Врховниот суд на Еквадор одобри истополови бракови во оваа католичка и конзервативна јужноамериканска земја.

Активисти за човекови права и од ЛГБТ заедницата го одбележаа настанот во главниот град Кито и во пристанишниот град Гвајкуил веејќи знамиња со боите на виножитото.

Иако во Еквадор црквата е многу влијателна, земјата им се приклучи на Аргентина, Бразил и Колумбија во легализацијата на истополовите бракови.

Четворицата уставни судии кои се спротивставија на одлуката, сметаат дека за признавањето на истополовите бракови е потребна уставна реформа, која треба да биде разгледана во Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот