Екстремно скапа дремка на „Супербол“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Просечната цена на билетот на 54. по ред „Супербол“ беше 7.049 американски долари, најевтиниот 4.500, а најскапиот 23.725 долари.

Во тек беше само првата четвртина од најголемиот спортски настан во САД на кој голем број на заинтересирани сакаа да присуствуваат.

Просечната цена на билетот на 54. по ред „Супербол“ беше 7.049 долари, најевтиниот 4.500, а најскапиот 23.725 долари.

Еден навивач кој плати цело богатство за влезница на овој спектакуларен настан одлучи да си дремне.

До тој момент претежно беше натпревар на одбрани. Не е јасно кој тим го поддржува, но доколку е фан на Чифс, најверојатно не ги пропуштил барем моментите кога херојот Патрик Махомс беше најзаслужниот за победничкиот пресврт на екипата.

Потсетување дека екипата на Канзас сити чифси се новите шампиони во НФЛ лигата после пресвртот против Сан Франциско фортинајнерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот