Експретседателот на Зимбабве Мугабе погребан во родното село Кутама

Фото: Принтскрин

Долгогодишниот контроверзен лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе, погребан е со приватна погребна церемонија во неговото родно село Кутама.

Ковчегот бил прекриен со националното знаме, го носеле војници. Многумина од учесниците на погребната церемонија носеле маици со натписи „Ослободувач“ и „Чувар на факелот“ а неговата сопруга Грејс носела бел вел.

На церемонијата присуствувале и дел од неговите политички ривали кои биле апсени за време на неговото владеење. Видливо било отсуството на дел од неговите поранешни соработници во владејачката партија.

Претседателот Емересон Мнангагва, кој е долгогодишен соработник на Мугабе, не присуствувал на погребот.

Мугабе почина на почетокот на септември во Сингапур на 96 годишна возраст. Тој по четиридецениско владеење со Зимбаве, присилно беше симнат од власт во ноември 2017.

Тој е поранешен герилски водач кој станал прв лидер на таа земја по нејзината независност во 1980. Остана на власт се додека не беше приморан да даде оставка во 2017. Мугабе на почетокот од своето владеење уживал огромна поддршка од народот, но со текот на времето таа поддршка се губела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот