Експретседателот на Тунис заврши во болница во пресрет на изборите

Фото: Принтскрин

Поранешниот претседател на Тунис, сменет за време на Арапската пролет во 2011 фгодина, Зине ел Абидин Бен Али, бил хоспитализиран во Саудиска Арабија, изјави неговиот адвокат.

Тој за радио „Мосаик“ изјави дека неговата ќерка, Бен Али, го известила дека 83-годишниот поранешен претседател се чувствувал „многу лошо“ по неколкугодишно лекување на рак на простата.

Адвокатот рече дека Бен Али бил во болница во Џеда, пренесува АП.

Најавата на адвокатот следува откако Тунижаните се подготвуваат за претседателските избори во недела.

Ова се втори демократски претседателски избори во Тунис од востанието во 2011 година, кое се случи, како што забележува агенцијата, поради корупција, невработеност и репресија, што го принуди Бен Али да избега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот