Експретседателот на САД, Џими Картер хоспитализиран по пад во својот дом

Поранешниот американски претседател Џими Картер е примен во болница откако паднал во неговиот дом во Џорџија.

Според соопштението од неговиот прес центар, 95-годишниот политичар вчера се здобил со „фрактура на карлицата”, но во моментов е во стабилна состојба, и се очекува да биде испратен на домашно лекување.

Картер е роден во Џорџија во 1924 година, беше гувернер на државата во периодот од 1971-1975 година, и победи на изборите во 1976 година, станувајќи 39-ти претседател на САД.

Откако ја изгуби претседателската трка од републиканскиот кандидат Роналд Реган во 1980 година, Картер ја напушти политичката сцена и го создаде Центарот Картер, хуманитарна организација за човекови права, која му ја донесе Нобеловата награда за мир во 2002 година.

Тој во моментов е најстариот жив претседател и претседател кое е најдолго во пензија во историјата на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот