Експресниот воз до Солун го закочи железничкиот сообраќај во Велес

Два патнички и еден товарен воз веќе 35 минути го чекаат експресниот воз Белград-Солун да пристигне во Велес, за да можат да го продолжат патувањето до Скопје.

– Ако почнеме да се жалиме ќе добиеме одговор „Па не патувајте со воз” – велат патниците кои се „заглавени” во Велес, во возовите кои доаѓаат од Гевгелија и Кочани.

Како што е познато, помеѓу Скопје и Велес, експресниот воз не застанува на ниту една станица. Според информациите со кои „Слободен печат” располага, брзиот воз уште од самиот старт доцнел околу 25 минути, предизвикувајќи застој во целосниот железнички сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот