„Експресен”: Недостасуваат 50 метри од гасоводот „Северен поток 1″

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Најмалку 50 метри од гасоводот под Балтичкото Море недостасуваат, извести денеска шведскиот весник „Експресен”, откако ги објави првите јавни фотографии од штетата настаната кон крајот на минатиот месец.

Шведската полиција и државното правобранителство се сомневаат дека истекувањето на гас од гасоводите „Северен поток 1″ и „Северен поток 2″ на 26 септември е последица на намерно предизвикана експлозија и затоа случајот го истражуваат како чин на саботажа.

Видеото снимено од далечински управуван подводен дрон објавено од „Експресен”, покажува свиткан метал и отворени цевки од гасоводот, поставен околу 80 метри на дното на Балтичкото Море. Делови од цевководот се со прави, остри рабови, додека други се деформирани. Според „Експресен”, видео- материјалот е снимен во текот на вчерашниот ден.

Шведските безбедносни служби неодамна соопштија дека за потребите на истрагата собрале материјал од местото на експлозијата. Не е познато дали шведските истражители со активностите на терен можеби придонеле за промени во фактичката ситуација на местото на експлозијата.

Шведската морнарица и безбедносната полиција одбиле да го коментираат извештајот на „Експресен”, а за коментар не била достапна ниту Крајбрежната стража

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот