Експратеничката Корубин бара да не се „чуваат“ работните места на функционерите

Никица Корубин, Фото: МИА

Поранешната пратеничка Никица Корубин смета дека освен апанажата треба да се преиспитаат сите привилегии кои им следуваат на градоначалници, пратеници, министри, премиер и претседател на држава, но и на членови на регулаторни тела, уставни судии, директори.

Корубин прашува зошто кога се говори за апанажата, како модел на финансиски надомест, не се говори и за другата страна на паричката, односно за  законската можност за работен однос во мирување и зошто воопшто постои оваа опција за избрани и именувани лица. Според неа, токму мирувањето на работното место е одговорот зошто најголемиот број на пратеници, советници, министри, доаѓаат од здравството и од образованието.

– Работниот однос во мирување трае многу подолго од апанажата, може да биде една, четири, осум години и нема ограничување, како што нема ограничување ниту времетраењето на било која функција, освен претседателската, која пак носи трајни привилегии. Не гледам дека некој се загрижил што десетици и стотици места се во мирување, а во меѓувреме никој не може да ја обавува важната здравствена, образовна или било која друга функција, затоа што местото „се чува” за некој што доброволно прифатил обавување на функција и би требало во пазарна економија, да си конкурира повторно за тоа или за друго работно место -вели Корубин.

Според неа, ако се отвори прашањето за работен однос во мирување ќе се види кои се вистински привилегираните и кои имаат „обезбедено” работно место кое ги чека на наша заедничка сметка и штета.

-Таа совршена синергија е една од тајните на клиентиелистичкото функционирање на партиите и на партократскиот систем кој ја заробува и уништува функционалноста на државата – вели Корубин и прашува колку луѓе, кои немаат никаква гаранција за нивната иднина после функцијата влегле во политика и зошто било кој би имал гаранција и заштита. И дали тоа не е основа за дискриминација на сите останати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот