Експлозивно сведочење на принцот Хари: Дали знаете што најдов во автомобилот на мојата поранешна девојка!?

Принцот Хари, првиот истакнат член на британското кралско семејство кој сведочи на суд по повеќе од 130 години, денеска беше сослушан како сведок во Високиот суд во Лондон, втор ден по ред. Хари тврди дека таблоидите користеле нелегални методи за да добијат информации за него уште од детството.
Принцот вчера беше испрашуван речиси пет часа од страна на Ендрју Грин, адвокат на издавачот „Мирор груп“, кој ги издава весниците „Дејли мирор“, „Сандеј мирор“ и „Сандеј пипл“. Хари и уште стотина луѓе ја тужат медиумската куќа, тврдејќи дека таа незаконски собирала информации за нив или за нивни блиски помеѓу 1991 и 2011 година.
Продолжувајќи го сослушувањето, адвокатот Грин рекол дека нема докази на телефонот кои покажуваат дека Хари бил жртва на хакирање, споредувајќи го со истрагата од 2005 година, што доведе до осуда на поранешниот уредник за кралски прашања во сега непостоечкиот весник „News of the World“ – Руперт Мардок.
„Ако судот никогаш не утврди дека сте биле хакирани од новинар на ‘Мирор груп’, дали ќе се чувствувате олеснето или разочарано?“, праша Грин.

Хари одговорил дека верува дека хакирањето е широко распространето на „индустриско ниво“ во најмалку три весници и дека „не се сомнева“ во тоа.
„Доколку се донесе одлука против мене, имајќи предвид дека од ‘Мирор груп’ признаа дека хакирале, да, тоа би било неправедно“, одговорил принцот.
Како одговор на сугестијата на Грин дека Хари би сакал да биде жртва, принцот одговорил дека „никој не го сака тоа“. На почетокот на процесот, „Мирор груп“ се извини и призна дека „Сандеј пипл“ незаконски барал информации за Хари, нагласувајќи дека тој мора да биде обештетен за тоа.
Издавачот претходно призна дека неговите медиуми учествувале во хакирање телефони и решиле повеќе од 600 случаи, плаќајќи отштета од 120 милиони долари. Но, „Мирор груп“ ги отфрла сите други тврдења на принцот Хари, велејќи дека нема докази за нивно поткрепување. Грин тврди дека личните информации за Хари дошле од вработените во Бакингемската палата.

Исто така, принцот Хари изјавил дека во една прилика пронашол уред за следење во автомобилот на неговата поранешна девојка Челси Дејви, пренесе „Би-би-си“.
Во тоа време медиумите многу пишуваа за статусот на нивната врска и се обидуваа да откријат дали на романсата ѝ се ближи крајот. Да потсетиме, нивната љубовна врска траеше наизменично меѓу 2004 и 2010 година. Таа тврди дека тоа било поставено во нејзиниот автомобил од приватниот истражител Мајк Бер, кого Хари веќе го обвини во други случаи.
Хари тврдел дека неговиот пријател Марк Даер, исто, така пронашол уред за следење во неговиот автомобил. На прашањето дали неговите тврдења за незаконски активности се „во доменот на целосна шпекулација“, тој одговорил:
„Не знам. И уште пострашно е што беше искористен како наслов во печатот против мене, мислам утрово. Целиот мој живот, печатот ме заведуваше, прикриваше неправилности. Седам овде во судот, знаејќи дека одбраната има докази пред себе“, рекол принцот.

Судијата Тимоти Фанкур му поставил многу важно прашање на принцот Хари пред да заврши сведочењето. Тој го потсетил на изјава која е донекаде заборавена во последните два дена, а се однесува на наводното искуство на принцот со хакирањето.
Хари се сетил дека непрочитаните гласовни пораки на неговиот телефон не му се појавувале како нови, ниту пак добивал известување дека има нова е-пошта.
„Се сеќавате ли кога почнавте да го забележувате ова?“, прашал судијата.
„Од моментот кога го добив мобилниот телефон. Тоа никогаш не престана“, одговорил принцот.