Експлозија во Тунис: Убиени четворица воени офицери додека бркале терористи

Фото: EPA/MOHAMED MESSARA

Четворица туниски воени лица денеска се убиени, откако нивното возило било погодено од експлозивна направа во планинска област, изјави официјален армиски претставник, јави агенцијата ДПА.

– Експлозијата се случи во западната област Џебел Мгила, изјави за ДПА, портпаролот на туниското Министерство за одбрана, Мохамед Зикри.

Четворицата војници починале како последица на сериозните повреди што ги здобиле при експлозијата, додаде тој.

Зикри нагласи оти инцидентот се случил за време на потрага по „терористи”, термин што во Тунис се користи за исламистичките милитанти.

Во последните години во Тунис имаше серија на милитантни напади за кои повеќето тврдат дека се дело на екстремистичката група Исламска држава, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот