Експлозија во тајната лабараторија на Путин! Овде се чуваат вируси на ебола, големи сипаници и антракс! (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Експлозија во тајната лабараторија на Путин! Овде се чуваат вируси на ебола, големи сипаници и антракс! (ВИДЕО)

Пожарникарите и спасувачките служби во понеделникот тргнале да гасат пожар кој избил во Колтсов, научен центар неколку километри од Новосибирск.

Еден од најголемите светски центри за истражување на вируси, сместен во Сибир наводно се запалил откако изненадувачка експлозија ја стресла тајната постојка, позната по тоа што во неа се чуваат примероци од ебола, ХИВ, антракс и други вируси.

Пожарникарите и спасувачките служби во понеделникот тргнале да гасат пожар кој избил во Колтсов, научен центар неколку километри од Новосибирск.

Ситуацијата брзо се развила од обичен итен случај во голем инцидент, затоа што експлозијата и пожарот го зафатил рускиот истражувачки центар за вирологија и биотехника, кој често се нарекува Вектор институт.

Лабораторијата е позната по тоа што развила вакцини против ебола и хепатитис, како и по проучување на епидемии и општи проблеми околу имунологијата.

За време на студената војна, се верувало дека дел од сега веќе пропаднатата советска програма за биолошко оружје, што значи дека некои од најопасните врсти на вируси меѓу кои сипаници, ебола, антракс и куга, се уште се чуваат во зградата на Институтот.

Имајќи го тоа во предвид, локалната филијала на министерството за вонредни ситуации брзо го прифатило повикот, испраќајќи 13 пожарникарски возила и 38 пожарникари кои влегле во зградата со шест спрата само за една минута по доаѓањето.

Пожарот е лоциран и брзо изгаснат на четвртиот спрат каде се изведувале некои „градежни работи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close