Експлозија во сомалиската престолнина: Шест лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Могадишу

Фото: EPA-EFE/SAID YUSUF WARSAME

Најмалку шест лица загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад во ресторан во близина на полициската академија во Могадишу, главниот град на Сомалија, изјави полицискиот портпарол Садик Али. Засега не е познато кој стои зад нападот.

Еден од очевидците, сопственик на продавница, изјави дека полицијата, по експлозијата, отворила оган.

Исламистичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, често изведува бомбашки напади во Могадишу и други делови на Сомалија, како дел од кампањата за соборување на централната влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот