Експлозија во Подгорица: Автомобил кренат во воздух, едно лице загина, едно тешко повредено (ВИДЕО)

Во Ургентниот блок се префрлени и две жени – вработена во маркетот „Лид“ која била во состојба на тежок шок и жена која го паркирала својот автомобил пред маркетот

Подгоричанцот Ѓ.Б. загина, а неговиот сограѓанин А.К. е тешко повреден во експлозија на бомба која била поставена под автомобил.
Според медиумите загинатиот е Ѓорѓе Божовиќ, кој бил дел од криминалната група на Стеван Стаматовиќ, кого специјалното обвинителство го сомничи за ликвидација на осуденикот Радојица Зековиќ. Стаматовиќ неодамна е ликвидиран во Атина заедно со Игор Дедовиќ.
До експлозијата дошло во 19.33 часот во „Далматинска“ улица пред маркетот „Лид“ во подгоричката населба Блок 6.

А.К. е тешко повреден и со изгореници е префрлен во Ургентниот блок на Клиничкиот центар на Црна Гора.
Во Ургентниот блок се префрлени и две жени – вработена во маркетот „Лид“ која била во состојба на тежок шок и жена која го паркирала својот автомобил пред маркетот
Огнот го зафатил и возилото кое било паркирано напред.
Очевидци за „Вјести“ изјавија дека експлозијата го исфрлила А.К. од автомобилот, и дека после тоа бил свесен.
Во првиот мемент рекол дека не бил сам во автомобилот, а потоа дека сепак бил.

Жена која живее во близина за „Вјести“ раскажа дека по првата експлозија се слушнале уште неколку детонации.
Двете опожарени возила противпожарните служби ги гаснеа речиси половина час. Делови од автомобилот паѓале и на стотици метри наоколу по покривите на куќите и дворовите.
Увидот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот