Експлозија во џамија: Најмалку 30 талибанци загинаа за време на обука за правење бомби

Талибанците во Авганистан / Фото: EPA-EFE/JAWAD JALALI

Најмалку 30 талибанци во Авганистан загинаа за време на обука за експлозиви. Според авганистанските власти, групата се собрала во една џамија за да има обука за правење бомби во селото Култак, во северниот дел од земјата. Армијата таму соопшти дека експлозијата била толку моќна што никој не преживеал. Меѓу загинатите, наводно, имало шест странски државјани за кои се верува дека биле експерти за мини.

Портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, Фавад Аман изјави дека станува збор за несреќен случај.

– Во минатото, непријателите имаа шест, осум или десет жртви во своите редови, поставувајќи бомби или правејќи мини, но ова е првпат да претрпат толку големи загуби, изјави Аман.

Од друга страна, талибанците потврдија дека имало експлозија, но ги негираа обвинувањата дека има жртви. Портпаролот на милитантите, Забихулах Муџахид изјави дека експлозијата се случила во просторијата каде што се чува муницијата.

Извор: news.com.au

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот