ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДАМАСК, двајца загинати (ФОТО)

Фото: Твитер

Најмалку две лица загинале, а шестмина се повредени од проектил кој експлодирал во западниот дел од Дамаск, јавуваат медиумите ширум светот.

Наводниот проектил погодил цивилен објект во близина на либанската амбасада. Се уште не се знае кои се сторителите на овој напад.

Бројни фотографии почнаа да кружат на социјалните мрежи набргу по нападот, кој се случил помалку од еден час откако Израел објавил дека го убиле лидерот на палестинската милитантска група.

Се пренесува и дека токму израелските сили стојат зад овој напад, кој наводно дошол од либанскиот воздушен простор, кој и од порано бил користен од Израел за бомбардирање на Сирија.

Израел ниту ги негираше ниту пак ги потврди овие тврдења на странските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот