Експлозија во црква во близина на Ротердам

„Никој не е повреден во експлозијата, но предната фасада на зградата е оштетена“, објави полицијата на Твитер.

Холандската полиција ја истражува експлозија во црква во близина на Ротердам, која беше отворена за време на викендот и покрај рестриктивните мерки поради пандемијата на вирусот корона.

Жителите на едно место во близина на Ротердам за локалните медиуми изјавиле дека ги вознемирила силната експлозија во црквата Миераскерк, каде верниците нападнале новинар кој известувал од собирот од неделата.

„Никој не е повреден во експлозијата, но предната фасада на зградата е оштетена“, објави полицијата на Твитер.

Според холандските медиуми, полицијата верува дека експлозијата била предизвикана од огномет.

Стотици верници присуствуваа на црковната миса во Кримпен, во близина на Ротердам, во неделата, иако заради пандемијата беше дозволено да се соберат до 30 лица.

Поради законот за слобода на вероисповед, холандската влада не смее да интервенира во црквите или да изрекува парични казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот