Експлозија во центар за тестирање на ковид-19 во Холандија, нема повредени

Фото: EPA-EFE/Inter Visual Studio

Пред отворањето на центарот за тестирање на ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, утрово одекна експлозија, но во несреќата нема повредени. Холандските медиуми јавуваат дека експлозивот бил ставен во метална цевка надвор од објектот.

Во експлозијата се искршени пет прозорци во центарот. На самото место во тоа време имало чувар, но тој не е повреден.

Полицијата ја опколи областа и спроведува истрага. Засега се претпоставува дека цел на нападот бил центарот за тестирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот