Експлозија во центарот на Кабул: Најмалку 15 луѓе се повредени

Талибанците во Кабул/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Најмалку 15 луѓе се повредени во експлозијата која денеска го погоди центарот на главниот авганистански град, Кабул.

Причината за нападот засега не е позната, а талибанците кои се на власт во Авганистан не ја коментираа експлозијата.

Нападот во Кабул се случува во време кога исламската земја започна со одбележување на светиот месец Рамазан на 2 април.

Ова е прва експлозија во Кабул по неколку месеци, откако талибанците ги зајакнаа безбедносните мерки во поголемиот дел од земјата, поставувајќи контролни пунктови, по преземањето на власта во август минатата година.

Најголемата закана со која се соочуваат талибанците е Исламската држава во провинцијата Хорасан (ИС-К). Талибанците силно работат против оваа група во нивното упориште во источен Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот