Во близина на канцеларијата на политичката партија Опозициска платформа за живот на Виктор Медвешчук во Киев, одекнала експлозија, по што едно лице е хоспитализирано, а 19 се уапсени, јавуваат украинските медиуми.
Партијата за нападот ја обвини крајно десничарската организација Национале корпус, наведувајќи дека зад сето тоа стои претседателот на огранокот на таа организација за Киев, Сергеј Тамарин.
Според извештаите на украинските медиуми, пред канцеларијата се собрала група луѓе кои извикувале националистички пароли и фрлале бакљи на зградата, пренесува Тасс.
Украинската полиција уапсила 19 луѓе кои учествувале во инцидентот. Уапсените се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир.