Експлозија пред даночната канцеларија во Копенхаген: Нема повредени

Силна експлозија одекнала пред даночната канцеларија во Копенхаген, соопшти тамошната полиција.

Според информациите, експлозијата ги оштетила околните згради и ги скршила прозорците, но никој не е повреден.

Експлозијата се случила во вторникот вечерта, а отворена е и истрага за инцидентот, според началникот на полицијата.

„Премногу е рано да се каже кој стои зад експлозијата“, рече началникот.

Во исто време, полицијата ги повика граѓаните да пријават доколку знаат нешто за експлозијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот