Експлозија од вкусови: Дали сте пробале овошје на скара?

Instagram
Instagram

Скарата речиси секогаш асоцира на сочни хамбургери, виршли за познатите „хот дог“ сендвичи и различни видови месо и риба. Но, сте помислиле ли некогаш да ставите овошје на скара? Да, да, овошје. Постојат многу десерти кои се поздрави отколку што мислите, вклучувајќи го овошјето на скара.

Instagram
Instagram

Доколку не сте пробале до сега, треба да знаете дека пропуштате вкусно, нискокалорично задоволство! Некои овошја, како што се праските и смоквите, содржат шеќери кои карамелизираат кога се печат на скара или се загреваат во тава. Експериментирајте со нови вкусови, кои се експлозија од слатко кон солено, ова мора да го пробате.

Instagram
Instagram

Потребно ви е само малку маслиново масло за да не се залепи овошјето на врелите решетки на скарата. Изберете кое овошје ви се допаѓа, од праска до банана, круша, ананас, манго па дури и цреши (можете да ги ставите во фолија за да не ви паѓаат низ решетките доколку имате класична скара).

Instagram
Instagram

Овошјето на скара е вкусно само по себе, но уште подобро е ако додадете малку јогурт, шлаг или мед. Ако сакате по декадентен десерт, можете да направите комбинација со сладолед или чоколадо.

Можете некои овошја да ги правите со додавање на путер и чоколадо, завиткајте ги во фолија и ставете ги на скара. Можностите се бесконечни, можете да додавате карамел сос, ореви, кафеав шеќер, цимет, рум, мед или сирење.

Instagram
Instagram

Ако сакате да го задржите овошјето здраво, не додавајте шеќер. Повеќето овошја се слатки сами по себе, а со додавање на скара ќе откриете дека топлината повеќе ги изразува тие природни шеќери на овошјето бидејќи се намалува концентрацијата на вода.

Instagram
Instagram

Ова е еден од најбрзите десерти што може да го направите, експериментирајте и дозволете да се изненадите самите себе и луѓето околу вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот