ЕКСПЛОЗИЈА ОД ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА НА ИНТЕРНЕТ: Минатата година имало 45 милиони илегални снимки и фотографии

Фото: Профимедиа

Технолошките компании пријавиле експлозија на фотографии и видео снимки на кои сексуално се злоупотребуваат деца, од кои само минатата година биле идентификувани 45 милиони илегални слики. Ова очигледно укажува дека системот не е во состојба да се бори со нив, пишува Њујорк тајмс.

Иако овој проблем датира од доба пред интернетот, камерите на паметните телефони, социјалните мрежи и „клаудовите“ само ја влошиле ситуацијата и го интензивирале проблемот. Пред дигиталната доба, престапниците биле принудени да развиваат фотографии и да ги праќаат по пошта, но новите технологии им овозможиле сега едноставно да снимаат, споделуваат и да го множат материјалот.

Бидејќи технолошките компании во чие сопствеништво се наоѓаат повеќе социјални мрежи со години наназад не го прателе по пропис развојот на ситуацијата, па дури не бил спроведен ниту адекватен мониторинг, сега се најдени во небрано, бидејќи се затрупани од ваква содржина.

Престапниците се почесто користат ВПН, односно виртуелна приватна мрежа, која им помага да ја сокријат ИП адресата и локацијата, а користат технички енкрипции за да ги шифрираат пораките и да ги заштитат хард дисковите. Покрај тоа, содржината во главно ја објавуваат и споделуваат на „дарк веб“ кој е недостапен на просечните корисници на интернет.

Фото: Профимедиа

Американската полиција засега дава приоритет на најранливите – односно најмлади – жртви, иако Њујорк тајмс откриле дека постојат проблеми во количината на предвидени средства за борба против насилството на интернет, односно дека е вложена само половина од предвидената сума.

Полициските извештаи, записи и мејлови, но и разговори со повеќе од 30 полициски службеници покажале дека на некои технолошки компании им биле потребни недели, па дури и месеци за да одговорат на полициските налози, ако воопшто и реагираат.

Една од најнекооперативните компании е, пишува Њујорк тајмс, Тамблр кои дури во еден случај и предупредиле корисник кој објавувал експлицитна содржина дека неговиот профил е пријавен на полицијата. Извор на Њујорк тајмс, кој претходно бил вработен во оваа компанија навел дека таа пракса е вообичаена веќе со години. Корисникот благодарејќи на предупредувањето ги уништил доказите.

Сепак, за скоро две третини од регистрираните случаи во минатата година е одговорен Фејсбук месинџер, а Фејсбук неодамна најави дека планира да воведе енкрипција на пораките што додатно ќе ја отежне работата за полицијата.

Фејсбук веќе долго време е познат по насилната содржина, а минатата година на Месинџер имало вирална снимка на која маж сексуално напаѓа шестгодишно дете. Кога Марк Цукерберг најавил дека ќе биде воведена енкрипција, мудро истакнал дека е свесен за ризикот која таа ќе ги носи за „навистина ужасните работи како што е злоупотребување на деца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот