Експлозија на плинска боца во стан во Скопје, полицаец заврши во болница

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на 60 годишниот Д.Ѓ експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Поради вдишување чад еден полицаец бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот