Експлозија на метеор снимена над Сплит (ВИДЕО)

Фотографија: Dzvezdarnica Mosor/Screenshot, YouTube

Камерите на глобалната метеорска мрежа која се наоѓа на Ѕвезденото село Мосор, во четвртокот вечерта снимиле спектакуларна експлозија на метеори.

Како што пренесува Далмација денес за порталот 24 сата, се работи за падот на веројатно најголемиот метеор од кога се поставени камерите.

Пролетал покрај ѕвездата Вега и експлодирал.

„Најверојатно бил спорадичен метеор т.е не припаѓал на ниту еден познат рој“, рекол за Далмација денес астрономот од Ѕвезденото село Мосор, Зоран Кнез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот