ЕКСПЛОЗИЈА НА ИМПРОВИЗИРАНА НАПРАВА: Во Ирак ранети пет италијански војници

Фото: EPA/MAURIZIO BRAMBATTI

Пет италијански војници се ранети во експлозија во Ирак, соопшти денес италијанското Министерство за одбрана. Тројцата италијански војници се здобиле со тешки повреди, откако во нивна близина експлодирала импровизирана направа.

Експлозијата се случила утринава додека војниците спроведувала обука на ирачките вооруѓени сили кои улествуваат во борбата против Исламска држава, стои во соопштението на министерството, но не се прецизира каде тоа се случило.

Ранетите војници се евакуирани со американски воени хеликоптер во болница, пренесе „АП“.

Една италијанска телевизија објави дека ранетите италијански војници се пренесени во Багдад, а „Ројтерс“ кажа дека експлозијата одекнала во близина на Киркука, град на северот од Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот