ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС ВО ЏАМИЈА ВО БАНГЛАДЕШ: 13 мртви, помеѓу нив и дете, повредени се 30 лица

Фото: Profimedia/Munir UZ ZAMAN/AFP

Во експлозија на гас во џамија во Бангладеш, 13 лица го загубија животот, вклучувајќи и едно дете, а повредени се 30 луѓе, пренесуваат повеќе светски медиуми.

Официјалните органи веруваат дека ексолозијата е предизвикана со протекување на гас од гасоводот, како и дека бројот на жртви би можел да порасне, во однос на тоа дека многумина од повредените се во критична состојба, пренесува „Ројтерс“.

Експлозијата се случи синоќа, во близина на џамијата во округот Нарајангањ, недалеку од престолнината Дака.

Во несреќата се повредени 30 луѓе, а многумина од нив имаат сериозни изгореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот