Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но провинциската влада ги обвини Талибанците.

Најмалку шест цивили, вклучувајќи жени и деца, загинаа кога нивното возило наиде на бомба во источен Авганистан, соопшти денеска локален претставник.

Портпаролот на провинцијата Газни изјави дека во експлозијата се повредени осум лица.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но провинциската влада ги обвини Талибанците.

Талибанците минатата среда со бомба поставена на пат убија локален полициски командант и неговите двајца телохранители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот