Експлозија и во Северна Кореја, снимката ја обезбеди Кина (ВИДЕО)

Дејли НК денеска објави дека до 15 лица загинале во експлозија и пожар што следувал во градот Хисан во провинцијата Јангганг, во близина на границата со Кина.

Видеозапис снимен од Кина покажува експлозија во Северна Кореја, објавија бројни медиуми денеска, додека еден од јужнокорејските медиуми објави дека имало истекување на природен гас што предизвикало смртоносна експлозија во понеделникот.

Западните медиуми засега не ја потврдија автентичноста на видеото, кои беа добиени од АП и порталот „Дејли НК” од Сеул, што се занимава со ситуацијата во Северна Кореја.

Други јужнокорејски медиуми, исто така, цитираат неименувани извори кои наведуваат дека имало неколку експлозии. Цитирајќи неименуван извор од Северна Кореја, Дејли НК денеска објави дека до 15 лица загинале во експлозија и пожар што следувал во градот Хисан во провинцијата Јангганг, во близина на границата со Кина.

Видеото прикажува пожар над врвовите на дрвјата, со звук на бројни експлозии.

Севернокорејските медиуми не го спомнаа инцидентот, а властите на Јужна Кореја соопштија дека засега не можат да ги потврдат извештаите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот