Експлозија и пожар на руски танкер, исчезнаа тројца морнари

На руски танкер во Азовско море денеска дошло до експлозија и во тек е потрага по три члена од посадата, рекоа официјални лица.

Министерството за вонредени состојби соопшти дека до експлозија на бродот „Генерал Ази Асланов“ дошло на патот од пристаништето Кавказ до Ростов на Дон.

Наведено е дека 10 членови на посадата се на сигурно додека за останатите тројца морнари се верува дека се во море.

Танкерот се навалил на страна и се работи на негова стабилизација.

Поморските официјални лица рекоа дека бродот не бил полн со нафта и дека експлозијата веројатно била предизвикана од запалливи испарувања преостанати од претходниот товар.

(Извор: Бета)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот