Експлозии во Киев, источна Украина во состојба на готовност поради руските воздушни напади
Во главниот град на Украина, Киев, рано утрово одекнаа експлозии, а над станбените згради можеше да се забележи чад, јавија денеска западните медиуми.
Киев, неговите предградија и големи делови од источна Украина беа под воени предупредувања за руски воздушни напади во поголемиот дел од ноќта, јавува Ројтерс.
По експлозиите на руските беспилотни летала избувнал пожар во центарот на Киев, соопшти воената украинската воена команда а армијата соопшти дека силите за воздушна одбрана се обиделе да ги одбијат нападите на руските беспилотни летала.
„Се разјаснуваат информациите за размерите на пожарот, уништувањето или можните повреди“, објави на Телеграм Сергеј Попко, шеф на воената управа на Киев. Засега не е јасно дали пожарот во населбата Шевченкиевски бил предизвикан од директен удар на дрон или од остатоци од уништен дрон.
„Спасувачките и противпожарните бригади се испратени во погодената населба за да го најдат точниот извор на пожарот“, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм.