Експлодираше камион, товарот се запали: Возачот од Русија „шприцер ладен“ продолжува да вози (ВИДЕО)

Товарот на камион за ѓубре во Тољати, град во централна Русија се запалил од, сѐ уште непознати причини.

Камион за ѓубре што некако се запалил е снимен како се движи низ улица во рускиот град Тољати. Чад и пламен се издигнуваат на возилото додека помали експлозии се слушаат од задниот дел. Возачот, меѓутоа немал намера да запре.

Од задниот дел на камионот постојано се слушале звуци од помали експлозии додека чад се извивал над возилото. Возачот бил исклучително мирен и продолжил да вози без да се паничи за случувањето одзади, правејќи се дека ништо не се случува.

Противпожарната служба ги потврди информациите за инцидентот додавајќи дека огнот е изгасен пред излегувањето на екипата.

Снимката од запалениот камион во движење набрзо ги преплави руските социјални мрежи со бројни духовити коментари.

Ова е втор ваков инцидент во Русија во последните неколку недели. Кон крајот на јуни се запали сено кое на трактор го пренесувал земјоделец на југот од земјата. Огнот меѓутоа ги зафати и полињата околу патот кога запаленото сено падна од возилото.

Иако овие два инциденти не се поврзани, корисниците на социјалните мрежи тврдат дека во прашање е „возач дух“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот