Експертски ставови: Русите ја прокоцкаа можноста, наскоро ќе го загубат Донбас

украина донбас руски војници сепаратисти
EPA/MARKIIAN LYSEIKO

Рускиот напад врз Донбас стивна, а битката за регионот би можела да заврши за две до четири недели. Ова меѓу другото го тврди воениот експерт д-р Мајк Мартин во своја анализа за случувањата во Украина за британските медиуми.

„Во принцип, Русите ќе останат без војници, а Украинците ќе тргнат во контранапад“, вели Мартин, професор по воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, пишува Би-би-си.

Тој објаснува дека Русите ја прокоцкале својата единствена шанса да го окупираат регионот.

„Тие ги извлекоа сите тие разбиени единици од Киев, а потоа се обидоа да ги  прегрупираат за да се борат на Исток но тоа е невозможно. Тоа е така бидејќи војската беше „ранета“, а Москва не успеа да ги обнови и да го спроведе храбниот одлучен маневар во регионот – вели тој.

Воениот експер објаснува дека има голема стратешка промена во војната откако Британија објави дека има за цел да ги протера руските сили од Украина, вклучувајќи го и Крим.

Тој вели дека британската министерка за надворешни работи Лиз Трус погрешила кога рекла дека ќе бидат потребни десет години за руските сили да ја напуштат Украина.

„Руските сили ќе пропаднат пред тоа и ќе видиме можеби и државен удар“- вели  Мартин.

Со оглед на тоа што САД најавија 33 милијарди американски долари помош за Украина, тоа е исклучително јасен сигнал за намера, додава воениот експерт. Тоа според него значи и дека НАТО и САД претпоставуваа дека Владимир Путин блефира кога се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје доколку НАТО продолжи да и помага на Украина, резимира Мајк Мартин.

Во меѓувреме од друга страна пак со спротивни тврдења неодамна излезе рускиот управник на регионот, Кирил Стремоусов кој за западните медиуми рече дека додека во Херсон нема да се врати во Украина а Донбас е руски веќе неколку години.

„Враќање на регионот Херсон во нацистичка Украина е исклучено“, вели Стремоусов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот