Експертска поддршка за МОН од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Целта на проектот е да се споделат најдобри практитки и искуства од естонската дигитализација, а дел од активностите на проектот вклучуваат: обуки и менторство за релевантните државни службеници и институции во Северна Македонија, развој и имплементација на решение за е-управување и техничка поддршка и управување со промени / Фото: Фејсбук, Мила Царовска

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања и од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на кој се разговараше за планираните активности во дигитализацијата на образованието и развојот на дигиталните вештини, преку проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП) и финансиран од Естонија и САД.

– Проектот којшто го започнува Секретаријатот за европски прашања, а е во насока на поддршка на дигитализацијата во Северна Македонија е дел од приоритетите на Владата за носење европски вредности дома, меѓу кои и дигитализацијата на образованието. Министерството за образование и наука е мапирано како релевантно министерство за споделување искуства и информации, како и за состојбите во однос на дигитализација на процеси и услуги во образованието, со цел поефективно планирање и дефинирање на понатамошните активности на проектот, соопшти МОН.

Целта на проектот е да се споделат најдобри практитки и искуства од естонската дигитализација, а дел од активностите на проектот вклучуваат: обуки и менторство за релевантните државни службеници и институции во Северна Македонија, развој и имплементација на решение за е-управување и техничка поддршка и управување со промени.

Проектот ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци, а започнува преку средби и заеднички работилници со претставници од релевантни институции и други чинители од Северна Македонија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот