Експертот за родителство Лери Џон Втори споделува токсични работи кои никогаш не треба да му ги направите на вашето дете

pexels

Експертот за родителство Лери Џон Втори вели дека има четири токсични работи кои никогаш не треба да му ги направите на вашето дете во видео за „ТикТок“. Покрај тоа што ќе ги вознемират, тие можат да создадат траума што ќе си ја носат во текот на животот, пренесува „The Sun“.

Детето да се чувствува како товар

Кога ќе му кажувате на детето реченици од типот: „Ме чиниш многу пари“ и „Толку е тешко да се грижам за тебе“, вие не само што правите детето да се прашува дали се грижите за него, туку и нанесувате подлабока штета.

„Детето потсвесно ќе започне да ги чува своите потреби во себе и нема да го искаже она што навистина му треба и чувствува“, објасни Лери Џон.

Навредливи забелешки во врска со изгледот

Никогаш не треба да се коментира надворешниот изглед на навредлив начин, а тоа важи и за детето. Коментарите како „низок си“, „не изгледаш добро денес“, „премногу си слаба“, ја намалуваат или уништуваат самодовербата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larry John II – LJ (@cgtrainerlj)

Штетни прашања во однесувањето

Лери Џон Втори вели дека прашања од типот „зошто седиш така?“, „зошто одиш така?“, „зошто џвакаш така?“, можат да го натераат детето да помисли дека нешто не е во ред со него. „Може да им наштети на некои деца“, објаснува тој.

Нездрави споредби со браќата, сестрите и/или други деца

Експертот верува дека ова е најштетното нешто на неговата листа. Имено, ако детето научи да се споредува со другите на рана возраст, тоа ќе го прави и понатаму и секогаш ќе се прашува зошто не е како некој друг.

„Тоа ги тера децата да веруваат дека не се доволно добри. Понекогаш затоа тие развиваат нездрави односи со пријателите и браќата и сестрите“, заклучил тој.

Видео на денот