Експертка за врски смислила тест од две секунди кој покажува дали треба да му се скарате на партнерот

пар врски љубов

Експертката за врски Џејна Хокинг смислила едноставен тест од две секунди кој помога да се утврди дали треба да се омажите за партнерот или да ставите крај на врската.

„Обично го правам овој тест по неколку романтични состаноци, да речеме три месеци од почетокот на врската. Добро го гледам човекот со којшто сум во врска и во главата ја замислувам сцената на одење до олтарот”, изјавила Џејна Хокинг за „news.com.au“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jana Hocking 🦁 (@jana_hocking)

Таа објаснила кога треба да заврши љубовната врска.

„Во мојот ум, кога стигнував до олтарот го погледнував лицето што ме чекаше и се прашував дали сум среќна и искрено возбудена што го гледам? Дали би помислила дека имам толку среќа што се мажам за него? Или би помислила дека е добар човек и дека би можела да имам пристоен живот со него“, додала таа.

Јана објаснила дека во првиот случај, ако бидеш вистински среќна за лицето што го гледаш во близина на олтарот, треба да останеш со него. Меѓутоа, ако сте наклонети кон втората опција, најдобро е да ја прекинете врската.

„Втората опција не нуди извонредна љубов, туку сигурна љубов“, заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот