Експертка сведочеше за Амбер Херд и откри спојлери за „Аквамен 2“

Експертка откри спојлери за „Аквамен 2“, Фото: EPA

Консултантката за забавната индустрија Кетрин Арнолд беше повикана како сведок оваа недела додека трае судењето за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Во понеделникот, Арнолд рече дека „клеветничките изјави“ на Деп од страна на адвокатот Адам Волдман ѝ наштетиле на кариерата на Амбер Херд, велејќи дека студијата и брендовите покажале загриженост да соработуваат со неа поради реакциите на социјалните мрежи, пишува „NY Post“.

Арнолд рече дека првиот филм „Аквамен“ бил момент кога Херд станала ѕвезда, „извонреден момент“ за подемот на нејзината кариера.

„Тоа беше момент кога не само што беше добра актерка, туку и стана светски позната бидејќи беше во најуспешниот филм… секако за DC Comics“, рече Арнолд. Херд претходно сведочеше дека додека таа сè уште ќе се појави во претстојното продолжение, нејзиниот ангажман сега претставува „многу намалена верзија на таа улога“.

Фото: EPA-EFE/Steve Helber / POOL

„Го добив сценариото, а потоа добив нови верзии на сценариото од кои беа исфрлени сцените со мојот лик. Тие во основа ми го одземаа најголемиот дел од улогата”, изјави претходно Херд за нејзиниот ангажман во новиот „Аквамен“.

Арнолд сега ги повтори своите тврдења, опишувајќи ги промените направени во сценариото. Таа тврдеше дека ликот на Херд, принцезата Мера „завршува во болница рано во новиот филм Аквамен 2 и ја нема до крајот. Престојот во болница е поврзан со „повреда“ или „нешто со бебе“

Истакна дека во првиот нацрт за сценариото бил напишан „силен романтичен лак“ и „некои одлични акциони секвенци“.

Арнолд исто така сведочеше дека Херд тренирала пет часа дневно неколку месеци како подготовка за големата акциона секвенца, но дека не ѝ било кажано за нејзината намалена улога додека не пристигнала на сетот.

„Значи, нејзината улога е радикално намалена во споредба со она што беше во сценариото и она за што тренира додека се подготвуваше за филмот“, заклучи консултантот за забавната индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот