Експертка ја открива причината: Зошто некои кучиња се плашат од своите сопственици?

Фото: Flickr

Се подразбира дека кучето ќе ја изгуби довербата во својот сопственик доколку тој не се грижи правилно за него и доколку го занемарува, но има и други однесувања и пристапи поради кои некои луѓе не можат да воспостават добар однос и доверба со својот четириножен пријател.

„Њузвик“ разговарал со експертка за кучиња за да открие што точно може да го наруши односот помеѓу човекот и неговото куче. Професионалната тренерка на кучиња Сали Гротини рекла дека најголем проблем е кога сопственикот не успева да ја стекне довербата на својот миленик, односно кога кучето нема доверба во својот сопственик.

„Игнорирањето на темпераментот на кучето или неправилното однесување кон него може да предизвика вознемиреност кај кучето. Многу луѓе набавуваат куче поради неговиот изглед или раса. Истражувањето на темпераментот на расата може веднаш да ви каже какви проблеми може да има вашето куче, но сопственикот кој тоа не го знае, може да се однесува кон кучето на погрешен начин и да се налути на него кога тоа не е оправдано. Поради тоа кучето понекогаш се плаши од сопственикот“, посочила Гротини.

За да се спречи стравот кај кучињата, Гротини ги советува луѓето прво да ги истражат особините на своето куче и да бидат трпеливи со него ако се знае дека е природно вознемирено или нервозно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот