Експертите зачудени: Италијанец после мозочен удар проговорил со словенски акцент

EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Еден Италијанец кој после мозочен удар проговорил со словенски акцент, иако никогаш не престојувал во држави од словенско говорно подрачје, е прв таков документиран случај во Италија, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Тој се опоравил откако пред три години доживеал мозочен удар во десната хемисфера на мозокот, и како што наведува порталот Today.It, нема когнитевен дефицит, но зборува со странски акцент.

Студијата за случајот на 50-годишниот Италијанец кој после мозочниот удар проговорил со странски акцент, на тим научници предводени од Константинос Прифтис од Универзитетот во Падова, ја објави списанието Кортекс.

Како што е наведено, анализата покажала дека „повредата на мозокот предизвикала промена на местото и начинот на артикулација на некои самогласки кај пациентот што довело до перцепција за странски акцент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот