Експертите за ПЦР тестовите: Еве што е дозволено, а што никако не смеете да направите пред тестирањето

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Шефицата на одделението за инфективни болести на рускиот Универзитет РУДН Галина Коженикова изјавила за рускиот портал РБЦ дека три часа пред ПЦР тестирање не би требало да пиете течност, миете заби или пушите.

Докторката Татјана Романенко нагласи дека не треба да се јаде ништо пред тестирање.

Исто така, пред тестирање немојте да ја миете устата со течности за орална хигиена. Покрај тоа, таа тврди дека тестот нема да биде точен доколку лицето го секне носот пред да му извадат брис од нос.

Докторот за биолошки науки, професор на Московскиот државен универзитет, Алексеј Аграновски верува дека на конечниот резултат на тестот може да влијае и начинот на кој лабораторијата се однесува кон примероците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот