Експертите прегледале илјадници секс видеа и откриле кои знаци укажуваат дека жената глуми оргазам
Неодамна, истражувачите од Универзитетот Лунд во Шведска објавија дека, со помош на 2.239 снимки од сексуални односи што им ги дале паровите, утврдиле како да препознаат дали жената глуми оргазам или не.
Оваа студија, велат, е прва во која била анализирана автентичноста на сексуалната кулминација.
Студијата покажа дека прекумерното и гласно стенкање се знаци на глума, додека варијациите во јачината на звукот и некои неочекувани звуци укажуваат на вистински оргазам.
„Додека нивната возбуда беше навистина на својот врв, вокализациите и на мажите и на жените стануваа подолги, погласни и со поголем тоналитет“, пишуваат психолозите од Лунд.
„Мажите генерално не се помалку гласни од жените кога доживуваат оргазам“, додаваат тие, истакнувајќи дека на снимките што ги примиле изброиле 21.314 воздишки, 74.422 зборови и 54.145 стенкања.
Мекото стенкање кај жените почнувало, велат тие, малку порано за време на сексот, додека мажите тивко стенкале додека нивото на возбуда не стане многу високо, обично до 15 секунди пред кулминацијата.
„Оваа студија покренува некои интригантни прашања, особено во свет каде што до 80 отсто од жените признаваат дека лажат, како и една третина од мажите“, изјави британскиот сексуален терапевт и автор Филип Ходсон за „Дејли мејл“.