Експертите предвидуваат: Македонија кандидат за медал на Олимписките игри 2020!

После 20 години нашата земја повторно би можела преку борењето да се закити со медал, а погледите ќе бидат насочени кон Магомедгаџи Нуров.

Наредната Олимпијада во Токио (Јапонија) ќе се одржи годинава во периодот од 24 јули до 89 август. Експерите веќе предвидуваат како би изгледала табелата на државите освојувачи на медали на овој најголем спортски настан.

На првото место се наоѓа САД со 109 медали од кои 50 златни, на втората позиција Кина (92) со 42 златни медали..

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДВИДУВААТ –
Листата на државите освојувачи на медали на Игрите во Токио 2020 можете да ја погледнете ТУКА

Ваквите предвидувања се засноваат на најновите резултати, од светските шампионати и други големи натпреварувања. Напомена дека оваа табела не е конечна и таа честопати, односно секојдневно се ажурира.

Интересно е тоа што оваа листа ја има и Македонија која нема освоено медал вкупно 20 години, од игрите во Сиднеј 2000.

Тогаш, борењето благодарение на Могамед Ибрагимов ни го донесе првиот медал (бронзен) во нашата историја, а можно е 20 години подоцна истиот спорт да ни го обезбеди и вториот олимписки медал.

Се предвидува дека Македонија би можела повторно да се закити со бронзен медал. Минатата година во септември го добивме првиот спортист кој обезбеди норма за настап на Летните олимписки игри 2020.

-ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДВИДУВААТ – 

За секој спорт ТУКА погледнете кои натпреварувачи во машка и женска конкуренција се главни кандидати за медал на ЛОИ Токио 2020.

принтскрин/olympicmedalspredictions.com

Натурализираниот македонски борач Магомедгаџи Нуров со дагестанско потекло на Светското првенство во Казахстан беше третопласиран во категоријата до 97 кг.

Експерите предвидуваат дека токму Нуров е еден од главните кандидати за медал во неговата категорија. За златото најголеми шанси му се даваат на Русинот Абдулрашид Садулајев, потоа за среброто на Шариф Шарифов од Азербејџан, а освен Нуров, за бронза има шанси и Кајл Снајдер од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот