Експертите предупредуваат: Една едноставна и важна навика може да го намали ризикот од развој на деменција

Токму вашиот социјален живот е тој што може да влијае на грижата за здравјето, а тоа го потврдуваат и новите истражувања. Една неодамнешна студија покажа колку е важна социјалната поврзаност за долготрајна благосостојба, особено кога станува збор за здравјето.

Резултатите од студијата објавена во „Журналот на Американското здружение за геријатрија“ (Journal of the American Geriatrics Society), откриваат дека социјалната изолација е поврзана со зголемен ризик од развој на деменција. Студијата следела околу 5.000 здрави луѓе на возраст над 65 години. Околу 23 отсто од учесниците не учествувале многу во општествениот живот.

Социјалната изолација се мерела во зависност од тоа дали личноста живее сама, дали разговарала за важни работи со пријателите во изминатата година или дали учествувала во некои настани. Оние кои дале негативни одговори на сите прашања се во групата на социјално изолирани.

Во текот на следните девет години, истражувачите периодично правеле когнитивни тестови на испитаниците, а околу 21 отсто од испитаниците развиле деменција во тој период. Но, во групата на оние кои се социјално изолирани, деменција се развила кај дури 26 отсто од случаите.

Според пишувањето на студијата, лошиот социјален живот е чест, па затоа во Америка секоја четврта личност знае што значи тоа, а освен со деменција, тоа е поврзано и со други опасни состојби како срцеви болести, мозочен удар и депресија, наведува Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Деменцијата е термин со кој се обележува процесот на опаѓање на менталните способности, кој е со доволна силина да го попречува секојдневниот живот. Иако многумина мислат дека е, деменцијата не е болест, туку термин кој опишува група симптоми поврзани со губењето на меморијата и другите вештини важни за размислувањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот