Експертите откриваат: Зошто вашето куче сака да јаде трева?

Фото: Pexels/ Laura Alessia

Дали некогаш сте се запрашале зошто вашето куче го јаде вашиот прекрасно искосен тревник или грицка трева во паркот? Јадењето трева, всушност е вообичаено однесување кај кучињата. Некои истражувања покажуваат дека до 80 отсто од стопствениците забележуваат дека нивното куче редовно јаде трева, пишува „Саeнс алерт“ (Science alert).

Имено, јадењето трева не е ново однесување и не го прават само новите раси на кучиња. Студиите од „Националниот парк Јелоустоун“ покажуваат дека растителна материја, најчесто трева, се наоѓа во 74 отсто од волците, што укажува на тоа дека однесувањето е веројатно наследено од предците на веќе припитомените кучиња.

Инаку, многу луѓе мислат дека нивните кучиња јадат трева кога имаат здравствен проблем со стомакот, верувајќи дека тревата предизвикува тие да повратат. Но, најверојатно ова не е точно. Една студија во која 12 кучиња секојдневно јаделе трева покажала дека само неколку пати кучињата повратиле, и тоа оние што преттоа имале изедено оброк.

Па, кучето кое има слабо гастроинтестинално пореметување поради некоја храна, всушност имаат помала веројатност да јадат трева, отколку ако се хранат со нормална исхрана.

Други теории вклучуваат дека кучињата јадат трева затоа што им е потребен лаксатив или дека тревата обезбедува исхрана богата со растителни влакна за подобро варење. Како и во случајот со повраќањето, за повеќето од овие теории скоро и да нема научен доказ.

Одговорот зошто вашето куче јаде трева е едноставен, затоа што тоа му се допаѓа. На вашето куче можеби некогаш му е досадно, па џвакањето трева е нешто што едноставно сака да го направи. Грицкањето на тревата од земјата можеби му создава посебно задоволство. Текстурата и вкусот на тревата му нудат нешто поинакво од она што обично е навикнато да јаде. Може дури и да се забележи дека претпочита да јаде трева во одредени сезони, најчесто свежа, пролетна трева.

Па, затоа оставете го вашето милениче да ужива во овој растителен деликатес, но секогаш внимавајте дали тревата е третирана со хемикалии и дали има листови и други растенија кои се токсични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот