Добар метод: 20 минутна дремка е од витално значење за подобра работна средина

спиење, девојка
Фото: Pexels/Valeriia Miller

Верувале или не, вработените во некои турски компании земаат користат 20 минути од работното време за кратка дремка по која се враќаат на работните обврски со полна пареа.

Билал Салих, деловен консултант од Истанбул, вели дека кратката дремка за време на работата ја зголемува продуктивноста и креативноста на вработените, пренесува Anadolu Agency.

„Одморот е релативна работа. Дремката од 20 минути е слично на пиење шолја кафе, гледање краток клип, разговор со колега или која било друга активност за време на паузата. Кратката дремка од 20 минути е од витално значење за намалување на стресот и зголемување на продуктивноста, бидејќи после краток одмор се чувствуваме поенергично“ – објаснува Салих.

Додека дремењето се смета за мрзеливост во работната култура, Салих вели дека културата сега се менува.

„Многу компании почнаа да го користат овој метод за одмор на вработените за време на работа, што вклучува обезбедување кревети или софи каде вработените ќе можат да дремнат“ – објаснил Салих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот