Фото: Pexels / Dina Nasyrova

Експерти откриваат како да ги забележите знаците на депресија кај вашето куче

Иако кучињата не ги доживуваат емоциите на ист начин како луѓето, експертите тврдат дека можат да развијат психолошки нарушувања слични на депресијата.

Експертот на Американскиот кинолошки клуб, д-р Лесли Син, тврди дека кучињата кои страдаат од депресија почнуваат да се однесуваат поинаку. Активностите во кои уживале веќе не им носат среќа, како на пример играњето со својот сопственик.

Исто така, таа вели дека кучето кое страда од депресија може премногу да се врзе за својот сопственик и да го бара негово постојано внимание. Од друга страна, некои кучиња целосно се повлекуваат во себе кога се депресивни. Понатаму, можни се промени и во говорот на телото, намален апетит и летаргично однесување.

Симптомите што ги покажуваат депресивните кучиња често се речиси идентични со оние што ги покажуваат кучињата кои страдаат од некој здравствен проблем. Д-р Син ги советува сопствениците да ги однесат своите кучиња на ветеринар доколку забележат промени во однесувањето што не се предизвикани од големи настани, како што е смрт или разделба во семејството.

Причините за депресија можат да бидат различни, од големи промени во секојдневниот живот на кучето до мали нешта кои се наталожиле во подолг временски период. Д-р Син ја наведе загубата на сопственик или пријател од детството како најчеста причина за појава на депресија кај кучињата, како и големи животни промени – преселување или доаѓање на нов член на семејството.

Најчестите причини за депресија се:

– Тага предизвикана од загуба на човек или животно
– Хронична болка
– Траума, злоупотреба или долготраен стрес
– Промени во околината, како што се селидба, промена на сопственици, доаѓање на ново бебе или домашно милениче
– Социјална изолација
– Недостаток на физичка или ментална стимулација, особено ако се работи за многу активни кучиња

Д-р Кели Балантајн вели дека сериозните проблеми во однесувањето, како што се стравот, анксиозноста или депресијата, можат да бидат комбинација од различни фактори – од генетика до условите во кои кучињата пораснале и живееле.

Сепак, д-р Син објасни дека кучињата се многу издржливи и дека на повеќето не им треба многу за да излезат од депресија. Таа советува сопствениците да поминуваат повеќе време со своите миленици, да ги носат на подолги и позабавни прошетки.

Ако кучето страда од депресија подолго време, ќе му треба стручна помош. Ова е често случај со кучиња кои имале трауматично минато.

Д-р Балантајн вели дека лекот може да биде корисен, но не треба да биде единственото решение. За да му се помогне на кучето, заедно со лековите, неопходно е да се направат дополнителни промени во околината за да се чувствува побезбедно и да се работи со експерт за однесување на кучињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот