15 C
Скопје

Експерти открија дали ќе биде неопходна трета доза и кога ќе биде потребна уште една вакцина

Извршниот директор на „Фајтер“, Алберт Бурла, рече дека на луѓето „веројатно“ ќе им треба трета доза од вакцината против ковид-19 во рок од 12 месеци по приемот на втората доза.

Тој додаде дека е можно да биде потребна  вакцинација против коронавирусот  на годишно ниво.

“Треба да видиме како се развиваат работите и колку често ќе мора да се вакцинираме. Значи, допрва треба да видиме. Најверојатно сценарио е дека ќе ни треба трета доза, некаде од шест до 12 месеци откако сме целосно вакцинирани”. И тогаш ќе се изврши годишна ревакцинација . Но, сè уште треба да се потврди. И, се разбира, новите видови ќе играат важна улога “, изјави Бурла за Си-Ен-Би-Си .

Истото важи и за другите вакцини?

Извршниот директор на “Џонсон и Џонсон”,  Алекс Гроски, исто така, изјави за Си-Ен-Би-Си дека луѓето секоја година ќе бидат вакцинирани против ковид-19  , исто како и во случај на грип.

Имено, научниците сè уште не се целосно сигурни колку долго штитат вакцините. Од компанијата Фајтер  изјавија дека нивната вакцина против ковид -19 до шест месеци по втората доза е 91% ефикасна во заштитата од коронавирусот и повеќе од 95% ефективна од тешка болест Се покажа дека вакцината на компанијата Модерна, која користи технологија слична на Фајзер, е многу ефикасна во период од половина година.

Сепак, експертите сметаат дека се потребни повеќе податоци и истражувања за да се утврди дали заштитата трае и по тие шест месеци.

Трета доза

Дејвид Кеслер, научен советник за ковид-19 од администрацијата на Бајден, изјави денес дека Американците треба да очекуваат да добијат дополнителни дози на вакцината со цел да се заштитат од новите видови на коронавирусот.

“Ние анализираме колку трае реакцијата на нашиот имунолошки систем. Се чини дека тој одговор е силен, но со текот на времето се намалува и нема сомнеж дека новите видови се предизвик за него. Мислам дека треба да имаме предвид дека можеби ни ќе треба засилување. “вели Кеслер.

Компаниите Фајтер и Бионтек во февруари објавија дека тестираат трета доза на вакцина против ковид-19 за подобро да разберат како нашиот имунолошки систем реагира на новите форми на вирусот.

На крајот на март, Американскиот национален институт за здравство започна со тестирање на нова вакцина против вирусот корона на компанијата Модерна, наменета за заштита од проблематичниот вид, која за прв пат беше регистрирана во Јужна Африка.

Извршниот директор на Модерна, Стефан Банкел, за Си-Ен-Би-Си  вчера изјави дека компанијата се надева дека ќе има дополнителна доза на есен, односно засилување што се добива по првите две дози на вакцината.

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар