Експерти: Од вулканот врз луѓето паѓале карпи од 1.000 Целзиусови степени и отровни облаци (ВИДЕО)

Петмина загинаа, а неколку лица се повредени денеска во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација каде се верува дека во време на ерупцијата имало најмалку 50 луѓе.

Од островот се спасени 23 лица. Пет починаа од добиените повреди, а 18 се во болница. Како исчезнати се водат повеќе од 20 луѓе.

Кога вулканот еруптирал, луѓето кои стоеле во негова близина најверојатно искусиле облаци од жешка пареа, отровни гасови и уривање на опасни карпи, јавува Си-ен-ен.

Според вулканологот Џесика Џонсон од универзитетот Ист Англија, отровните гасови биле толку интензивни што туристите можеле да почувствуваат мирис на хемикалии.

„Од вулканот, во чиј кратер се наоѓаше кисело езеро, веројатно излегувала жешка пареа, а поради ерупцијата се уриваа карпи“, кажа Џонсон.

Таа смета дека повеќето повреди нстанале поради самата експлозија, а помал дел од изгорениците биле предизвикани од пареата.

Дерек Вајман, геолог од универзитетот на Сиднеј, верува дека вулканот при ерупцијата исфрлил материјал кој имал околу 1.000 Целзиусови степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот