Експерти од Технолошкиот факултет ќе ја вештачат тетовската модуларна ковид-болница

Тетово, 9 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за изгорената модуларна болница во Тетово. Експертите од факултетот ќе го вештачат објектот, кој за само неколку минути целосно изгоре на 8 септември, при што загинаа 14 луѓе, а 12 беа повредени, објави ТВ24.

Под градежно вештачење се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните својства и дали тие се според пропишаните стандарди, вели професорот и архитект Мишко Ралев.

Од ОЈО, пак, велат дека и денеска на сослушување во тетовското јавно обвиниелство се членови од семејствата на жртвите во пожарот. Истрагата сѐ уште е во тек, а надлежните го очекуваат извештајот од германските експерти кои за еден ден го завршија нивниот увид во изгорениот објект. кои треба да ги утвцрдат причините за пожарот најдоцна за две недели.

Како што денеска објави Дојче веле, директорот на модуларната болница и тетовската општина биле задолжени да обезбедат противпожарна заштита во болницата која изгоре на 8 септември, пред таа да започне со работа. Ова стои во документите за исградба на проектот на МТСП, Светската банка и МЗ.

Директорите на болниците се задолжени и за редовно одржување на струјата, греењето, водоводот, но и тука надлежноста ја делат со претставници на општина Тетово. Според проектот, планот за заштита од пожар и имплементација на мерки за заштита требало да се одвојат од буџетот на болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот