Експерти од Кина ќе помагаат во Србија во борбата против коронавирусот

Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Повеќе од 5.600 лица починаа од коронавирусот ширум светот, додека над 150 илјади се заболени, покажуваат последните податоци. Коронавирусот е регистриран во 123 земји во светот, а Кина и понатаму е најсилно погодена со околу 81.000 случаи.

Во Србија има вкупно 46 заразени, а кинески експерти наскоро ќе пристигнат во земјата за да помогнат во борбата против вирусот, пишува „Србија данас“.

Се повеќе европски земји ги затвораат своите граници поради брзото ширење на коронавирусот и најавуваат нови рестрикции во следните денови.

Данска, Полска и Чешка забранија влез во земјата на сите странци, со тоа што Прага воведе и забрана на своите државјани да излегуваат од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот