Експерти од ЕМА на 10 април во Русија: Клиничките тестови и производството на „Спутник V“ под лупа

Руска вакцина „Спутник В“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претставници на Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ја посетат Русија на 10 април, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

ЕМА испраќа експерти во Русија за да ги проверат клиничките испитувања и производството на вакцината против коронавирус – „Спутник V“.

Официјален претставник на ЕМА претходно ги повика членките на ЕУ да се воздржат од одобрување на вакцината „Спутник V“ на национално ниво додека Агенцијата го разгледува нејзиното одобрување.

Агенцијата ќе ги разгледа сите собрани податоци за да се овозможи побрза употреба на вакцината. Инспекцијата во Русија во април ќе ги опфати и производствените и клиничките испитувања.

Во саботата, гувернерот на Лацио, Никола Ѕингарети, соопшти дека во следните денови ќе потпише договор за спроведување на научни испитувања на „Спутник V“ во Националниот институт за заразни болести „Лазаро Спаланцани“ во Рим.

Директорот на Институтот, Франческо Ваја рече дека Центарот „Гамалеја“ ќе испрати тројца вработени заедно да ја проучат ефекасноста на руската вакцина против различните варијанти на коронавирусот.

Европската агенција за лекови започна со тестирање на вакцината на 4 март, а познавачите на процесот тврдат дека таа може конечно да биде одобрена во мај.

Слична инспекција моментно се спроведува и за германската „Кјурвак“ и за американската „Новавакс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот